Пица со тиквички и печурки
Денешниот рецепт е посветен на едно од најпопуларните јадења во светот – пицата. Постојат безброј комбинации како да ја направите, а ние ви предлагаме тоа да го направите со тиквички и печурки.
Како бонус, го објаснуваме и начинот за домашно приготвување на тесто за пица.
СОСТОЈКИ (за 4 порции)
за тесто
• 600 гр брашно
• 7 гр сув квасец
• 3 мали лажици шеќер
• 2 мали лажици сол
1 лажица маслиново масло
• 300 мл млака водаза фил
• 3 главици кромид
• 7 гр сушена мајчина душица
• 7 гр сушен рузмарин
• 600 гр домати
• 200 гр тиквички
• 200 гр мешани печурки
• маслиново масло, сол и биберПРИГОТВУВАЊЕ
За да го приготвиме тестото, во сад ставаме брашно, квасец, сол и шеќер и сите состојки добро ги промешуваме. Потоа, го додаваме маслиновото масло и млаката вода и со помош на миксер мешаме околу 15 минути на средна брзина.Од добиеното тесто, правиме топка, ја премачкуваме со маслиново масло, ја затвораме во сад и чекаме да стаса.
Во сад за пржење, ги загреваме трите лажици маслиново масло, го даваме кромидот исечкан на кругови и го пржиме додека не омекне. Потоа, ги ставаме доматите, исечкани на тенки кругови, мајчината душица и рузмаринот и зачинуваме со сол и бибер. На умерен оган оставаме смесата да се крчка.
Кога ќе стаса, тестото го делиме на 4 еднакви дела. Секој од тие делови посебно го замесуваме и го рашируваме во круг со дебелина од 5 мм. Круговите тесто ги ставаме во сад за печење.
Потоа, го ставаме филот, а преку него тиквичките и печурките. Во мал сад матиме една жолчка со малку вода и со тоа мешавина ги премачкуваме краевите на пицата. Вака приготвените пици ги печеме околу 10-12 минути во загреана рерна на 200℃.
