wordpress counter

Вргањ во шафран и тестенини со сос од ореви

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (3 гласа, просек: 5,00 од 5)


Печурките се едно од највкусните јадења во повеќето национални кујни. Со свежите печурки може да се подготвуваат вистински ремек дела. Едно од нив е токму ова, кое Гурман™ ви го сервира за денешното мени.

СОСТОЈКИ
• 350 гр вргањ
• 2 главици кромид, исечкан
• 55 гр ореви, крупно сечкани
• 30 гр путер
• 1 чаша бело вино
• шафран
• 150 мл crème fraiche
• сол и бибер
• тестенини

ПОДГОТОВКА
Во тава за пржење ставете го путерот и пропржете го кромидот. Додадете ги печурките, шафранот и белото вино. Пржете 2-5 минути, а потоа посолете и додадете бибер.

Ставете ги оревите и свежо приготвениот крем. Динстајте уште неколку минути. Тргнете го сосот од оган. Сервирајте со вашите омилени тестенини.

Crème Fraiche (свежо приготвен крем)

Се подготвува лесно и едноставно. Потребни ви се 1 шолја слатка павлака (или ¾ шолја млеко и ¼ шолја топен путер) која ќе треба малку да ја загреете на тивок оган. Потоа, додадете 2 големи лажици јогурт со поголема масленост. Тргнете ја тавата од оган и кремот ставете го во стаклен сад на собна температура окулу 24 часа, за да се згусне. Измешајте го еднаш на 7-8 часа. По 24 часа, ставете го уште малку во фрижидер за да ги добие неопходната густина и цврстина.

Ако немате толку време, тогаш, наместо свеж крем можете да искористите и кисела павлака со поголема масленост.

Related Posts with Thumbnails