wordpress counter

Аргентинско пилешко со пченка

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (Нема гласови)


Овој специјалитет е навистина одличен избор за неделниот ручек. Ручек кој ќе ги собере најблиските и ќе ги истакне вашите кулинарски способности. Подготовката трае околу 1 час и воопшто не е сложена.

СОСТОЈКИ (за 4 лица)
• 1 пиле, исечкано на парчиња
• бибер
• 1 голема лажица маслиново масло
• 2 домати
• 1 ловоров лист
• ¼ мала лажица мајоран
• 1 пакување смрзната пченка
• 2 чешниња лук, издробени

ПОДГОТОВКА
Остранете ја кожата од пилето, посолете го и додадете мелен црн бибер по вкус. Во голема тефлонска тава загрејте масло и пржете го пилешкото месо околу 15 до 20 минути. Притоа, вртете го месото за да се испржи рамномерно од двете страни.

Кога ќе биде готово, извадете го месото од тава и ставете го во друг сад кој ќе стои на топло.

Во маслото во кое го пржевте месото, издинстајте го лукот, потоа додадете ги доматите (сечкани), ловоровиот лист и мајоранот. По 10-тина минути, додадете ги и претходно сварената пченка и пилешкото месо. Измешајте го месото со сосот и сервирајте.

Related Posts with Thumbnails