wordpress counter

Божиќно мени – Главно јадење: Лосос во сос од црвено вино и печурки

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (4 гласа, просек: 5,00 од 5)


Лосос во сос од црвено вино и печурки

Доколку ви е здодеано од истото мени за празничните вечери, ова е совршен рецепт за вас. Ќе внесете малку егзотичност, сите ваши гости ќе бидат пријатно изненaдени и неизмерно задоволни од ова јадење. Ако не сте голем љубител на лососот, овој рецепт можете да го приготвите и со било која друга риба.

СОСТОЈКИ
• 40 гр сушени печурки (видот на печурки – по желба)
• 1 чаша зовриена вода
• 2 лажички нишесте
• 2 лажички маслиново масло и уште една супена во друга посуда
• 5 ситно сецкани млади кромитчиња
• ¾ чаша црвено суво вино
• 1 чаша супа од риба или морски плодови
• 1 лажичка путер
• 6 лажици лимонов сок
• сол и бибер
• 600 гр филе од лосос, поделен на 4 парчиња

ПРИГОТВУВАЊЕ
Измешајте ги сушените печурки со зовриената вода. Оставте ги 15-тина минути, односно додека не омекнат. Процедете ги и ситно исецкајте ги. Во нив додадете една лажица од водата во која стоеле и 1 лажичка нишесте.

Загрејте 2 лажички од маслото на среден оган. Пропржете го кромидот, додека не омекне. Додадете ги печурките и гответе ги уште 1 минута. Додадете го виното и варете уште малку, додека не изврие дел од виното и не се згусне смесата. Додадете го остатокот од водата во која се киснеа печурките и супата од риба. Варете уште 15-тина минути. Додадете го останатото нишесте и варете уште 2 минути.

Тргнете го садот од оган, додадете го путерот, лимоновиот сок, сол и бибер. Во меѓувреме, зачинете го лососот со сол и бибер. Со останатото маслиново масло пропржете го лососот од двете страни по 3 минути. Послужете го прелиен со сосот, во прилог со ориз или вариво.

Bon Apetit!

Related Posts with Thumbnails