wordpress counter

Божиќно мени – Предјадење: Супа од печурки

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (3 гласа, просек: 5,00 од 5)


Супа од печурки

Шитаке печурката е екстремно здрава и вкусна. Таа се користи во многу земји во борбата против ракот. Покрај тоа, голем извор е на витамин Д, уништува бактерии и габи во организмот, го намалува холестеролот и го штити црниот дроб.

Таа е совршена состојка за време на празниците, кога постојано јадеме тешка и масна храна. Таа е токму тоа што ни треба  – некоја состојка која ќе ни го намали холестеролот, а притоа ќе биде вкусна и пријатна за конзумирање. Овој рецепт е совршен за свечено празнично предјадење.

СОСТОЈКИ
• 600 гр ситно сецкани бели печурки (од нив 150 гр тенко сецкани на ливчиња)
• 1 лажичка сок од лимон
• 4 ½ чаши пилешка супа
• 400 гр шитаке печурки (со отстранети дршки и ситно сецкани)
• 2 поголеми чешњиња лук (истолчени)
• 2 лажички растително масло
• сол и бибер
• ¼ чаша „Crème Fraiche
• 1 ½ лажичка иситнет коријандер
• магдонос за украсување

ПРИГОТВУВАЊЕ
Во сад ставете ги ситно исецканите бели печурки со сокот од лимон. Во поголем огноотпорен сад, сипете ја пилешката супа, белите и шитаке печурките, лукот и варете ги 10-тина минути.

Во меѓувреме, во друг сад загрејте масло за јадење. Додадете ги тенко сецканите печурки и пржете сѐ додека не добијат златно-кафена боја. Зачинете со сол и бибер.

Откако супата ќе биде готова, иситнете ја добро со блендер, вратете ја во огнотпорниот сад и додадете го „Crème Fraiche“. Оставете го садот на оган 2 минути. Додадете коријандер, сол и бибер. Сипете ја во чинии и украсете со тенко сецканите, пржени печурки и магдонос.

Bon Apetit!

Related Posts with Thumbnails