wordpress counter

Црно рижото на крем од тиква и ракчиња

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (4 гласа, просек: 5,00 од 5)


Еве еден прекрасен есенски рецепт. И боите на есента се поклопуваат со ова јадење – црни дождливи облаци, како бојата на црното рижото и прекрасни паднати портокалови лисја, како бојата на кремот од тиква.

Останува вие да го испробате овој деликатес и да ги споделите со нас вашите импресии.

СОСТОЈКИ

за рижото
• 350 гр арборио или карнароли
• 2 вреќички црнило од сипа
• 500 гр ракчиња
• 5 граничиња рузмарин
• 1 лажица путер
• сол

за микс од зеленчук
• 1 китка магданос
• 1 корен целер
• 1 кромид
• 4 моркови

за крем од тиква
• 350 гр тиква
• 1 мал кромид
• 4 чешниња лук
• маслиново масло
• чили пиперче
• сол
• 2 лажици слатка павлака

ПОДГОТОВКА
Најнапред исчистете ги ракчињата, така што ќе им ги отстраните нозете, потоа главата и лушпата на грбот. Се вади утробата (тоа е онаа црвена или црна нитка која се протега по грбот).

Потоа, земете длабок сад за варење и налејте околу 2 литра вода. Во неа ќе го сварите зеленчукот за рижотото (морков, целер, магданос и кромид).

Шпоретот загрејте го на температура од 180℃. Тиквата исечете ја на половина и отстранете ги семките. Одвојте 350 гр од неа и исечете го тој дел на кришки со дебелина од 5-6 см. Тавата за печење обложете ја со хартија за печење и наредете ги кришките тиква. Се пече 25-30 минути и потоа оставете малку да се излади.

Пропржете еден мал кромид и 4 чешниња лук на 4 лажици маслиново масло. Целта е да се ароматизира маслиновото масло, па затоа отстранете ги кромидот и лукот. Се остава да се олади малку.

Во меѓувреме, печената тиква се сече на коцки и се миксира заедно со 2 лажици слатка павлака, 10 мл вода и многу малку чили пиперче. Потоа, се додава и ароматизираното маслиново масло и малку сол. Добро се меша.

Оризот кратко се пропржува на 2 лажици маслиново масло и кон него се додава зеленчукот, колку да го покрие оризот. Се додава сол по желба. На половина од варењето се става црнилото од сипа. Внимавајте да не го преварите оризот.

Кога оризот ќе биде „ал денте“ сварен, се пропржуваат и ракчињата на маслиново масло, заедно со рузмаринот. Пржете максимум 1-2 минути од секоја страна. Додадете 1 лажица путер во рижотото и добро измешајте за да се растопи.

На чинија прво се ставата кремот од тиква. Ако имате калапи, можете рижотото да го сервирате со помош на калап. На врвот се додаваат ракчињата и гранче рузмарин за декорација.

Bon Apetit!

Related Posts with Thumbnails