wordpress counter

Филе од мисирка со зелена боранија и цвекло

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (2 гласа, просек: 5,00 од 5)


Овој викенд ви подаруваме навистина вкусен и посебен рецепт. Не само што ќе направите убав ручек, туку и ќе ги внесете сите неопходни хранливи материи за вашиот организам. Се подготвува релативно кратко (околу 30 минути), а финалниот резултат е вистински специјалитет.

СОСТОЈКИ (за 2 лица)
• 400 гр филе од мисирка
• 280 гр зелена боранија
• 200 гр цвекло
• 120 мл маслиново масло
• сол

ПОДГОТОВКА
Филето од мисирка се зачинува со сол и се остава во фрижидер за да се маринира.

Откако ќе биде подготвено, филето се пече или во тава, или на скара. При печењето не се додава масло, туку се користи она што е останато од маринадата.

На чинија прво се сервираат вареното цвекло и зелената боранија, зачинети со маслиново масло. А потоа, врз основата од зеленчук се сервира филето од мисирка.

Related Posts with Thumbnails