wordpress counter

Гиро

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (12 гласа, просек: 4,58 од 5)


Денешниот рецепт го посветуваме на едно од највкусните јадења, во кое речиси сите уживаме. За околу 2 часа ќе имате вкусно гиро, за вас и вашите блиски. Може да го направите од свинско, говедско или пилешко месо.

СОСТОЈКИ
• 1 кг свинско месо
• бел оцет

за микс од зачини или зачин за гиро
• 3 мали лажици сол
• 1 ½ мали лажици црвен пипер
• ¼ мала лажица бибер
• ¼ мала лажица оригано

за гиро пита
• 6-8 парчиња пита леб
• ½ шолја ѕаѕики
• 1 среден кромид, исечкан
• 2 домати, исечкани на тркалца
• помфрит
• маслиново масло

ПОДГОТОВКА
Измешајте ги црвениот пипер, солта, биберот и ориганото во мал сад.

Исечкајте го месото колку можете потенко и потоа истапкајте го со помош на дрвен чекан. Наредете ги парчињата месо во сад со рамно дно и попрскајте со миксот од зачини и потоа со малку оцет. Распоредете го оцетот рамномерно по месото, покријте го садот и оставете да се маринира меѓу половина и 2 часа во фрижидер.

Извадете го месото од фрижидер и исечете го на парчиња со ширина 1-1,5 цм или должина 5-6 цм. Испржете ги без масло во тава. Парчињата месо треба да добијат кафена боја и да бидат крцкави.

Намастете ги гиро питите со маслиново масло и оставете ги во рерна неколку минути, за да се стоплат и да омекнат. Потоа, наредете 2-3 парчиња домати, малку кромид, гиро месо, 1 лажица ѕаѕики сос и помфрит.

Bon apetit!

Related Posts with Thumbnails