Јагнешки ќофтиња во сос од јогурт и мента
Овој специјалитет е верзија помеѓу ќебапи и ќофтиња. Во комбинација со сос од јогурт и мента, подразбира уживање за сите сетила.
СОСТОЈКИ
за ќофтиња
● 500 гр мелено јагнешко месо
● две млади кромидчиња
● три чешниња лук
● десетина листови мента (доколку нема, може и сушена мента или нане)
● половина мала лажица ким
● сок од половина лимон
● солза сос
● 250 мл цврст јогурт
● половина китка магданос
● десетина листови мента
● чилиПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: исечкајте ги ситно лукот, кромидот и ментата. Овие состојки, заедно со зачините додадете ги во меленото јагнешко месо.Чекор 2: од месото можете да направите ќофтиња или нешто налик на ќебап, кој потоа се става на дрвено стапче како раженче. Се пржат во масло како и сите други ќофтиња или можете на скара доколку дозволуваат условите.
Чекор 3: иситнете ги магданосот и ментата, а потоа измешајте ги со цврстиот јогурт. Зачинете со чили и сервирајте заедно со ќофтињата.
