wordpress counter

Крцкави пилешки прсти со чили сос

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (6 гласа, просек: 5,00 од 5)


Пилешките прсти се меѓу најпопуларните јадења денес. Можат да се приготват на мал милион начини, а најпознати се во комбинација со сос од мед и сенф. Ние, денес малку ќе го измениме рецептот и ќе ги прогитвиме со чили сос.

СОСТОЈКИ
• 700 гр пилешко месо, без коска и без кожа
• 1/3 шолја чили сос
• 1 голема лажица оцет
• малку ѓумбир, излупен и изрендан
• 1 чешне лук
• 1 јајце
• 1 шолја брашно
• лебни трошки
• сол и бибер

ПРИГОТВУВАЊЕ
Во сад, измешајте ги чили сосот, оцетот, изгмечениот лук и ѓумбирот. Пресечете го пилешкото месо дијагонално на неколку парчиња и ставете го во маринадата од чили сос. Оставете да отстои околу 1 час во фрижидер.

Загрејте ја рерната на 200℃. Земете три сада. Во едниот ставете го брашното, во вториот измешајте јајце и 1 голема лажица вода и во третиот префрлете ги лебните трошки.

Парчињата месо, едно по едно, премачкајте ги првин со брашно, па со јајце и на крај со лебни трошки. Наредете ги сите парчиња на една чинија.

Земете сад за печење. Прво ставете хартија за печење, потоа месото. Печете 20 минути на 200℃. Откако ќе добијат златно-кафена боја, исклучете го шпоретот и оставете ги прстите уште 5 минути во рерната. Пред сервирање, оставете малку да се изладат.

Related Posts with Thumbnails