wordpress counter

Лигњи со пршута

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (1 гласа, просек: 5,00 од 5)


Морската храна и традицијата на консумирање на суво месо, одат рака под рака. Ова е еден токму таков рецепт. Рецепт кој ќе ви ги пренесе мирисите на Медитеранот, а ќе ви земе само половина час за подготовка. Останува на вас да се решите да го подготвите онака како што ви го предлага Гурман™.

СОСТОЈКИ (за 2 лица)
• 500 гр лигњи
• 100 мл маслиново масло
• 1 голема лажица лебни трошки
• сол и бибер
• 100 мл бело вино
• 30 гр пршута

ПОДГОТОВКА
Лигњите најпрвин се чистат, се мијат и се сушат. Во меѓувреме, пршутата исечкајте ја на многу тенки плочки. Секоја од тие долги плочки исечкајте ја на мали парченца и во секоја лигња ставете парче пршута.

Загрејте маслиново масло во тава за пржење. Кога ќе биде добро загреано, испржете ги лигњите. Пржењето нека биде кратко (по малку од двете страни).

Откако ќе се испржат, посипајте ги со лебни трошки, попарете, посолете и залијте ги со вино.

СЕРВИРАЊЕ
Лигњите се служат веднаш по приготвувањето, а како прилог може да се сервира варен ориз.

Совет: Лигњите со пршута може да се подготват и на скара. Внимавајте при ставањето сол, бидејќи пршутата е доволно солена.

Related Posts with Thumbnails