wordpress counter

Лосос во лиснато тесто и сос од спанаќ

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (1 гласа, просек: 5,00 од 5)


Ова вкусно јадење е одличен избор за убав ручек во кој ќе уживате со сите сетила. Спаѓа во јадења со риба и за подготовка е потребно 45 минути до еден час. За 4 порции потребни се следните

СОСТОЈКИ
• 800 гр филети лосос
• 500 гр лиснато тесто
• 450 гр спанаќ
• 1 јајце
• 3 дл слатка павлака
• 60 гр путер
• маслиново масло
• сол и бибер

ПОДГОТОВКА
Откако ќе го сварите спанаќот, испасирајте го, пропржете го во тава со малку путер и потоа додадете слатка павлака, сол и бибер. Посолете ги и додадете бибер на филетите од лосос. Пропржете ги и нив, во посебна тава.

Одмрзнете го лиснатото тесто и развлечете го на дебелина од 5 мм и исечакјте го на 4 еднакви квадрати со големина 10 х 10 см. Во секој квадрат ставете по еден филет лосос, замотајте и премачкајте го со јајце. Печете на температура од 175°С, околу 20 минути.

Кремот од спанаќ сервирајте го во чинија и врз него послужете ги филетите од лосос завиткани во лиснато тесто.

Related Posts with Thumbnails