wordpress counter

Лути пилешки крилца

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (7 гласа, просек: 4,86 од 5)


Претпоставуваме дека за повеќето од нас пилешките крилца се едно од омилените јадења. Постојат многу начини на нивно приготвување, а ние се решивме за лути пилешки крилца.

Не мора да бидете никаков виртуоз во кујната за да го приготвите овој рецепт.

СОСТОЈКИ (4 лица)
● 8-12 пилешки крилца
● 1 мала лажица сол
● 1 мала лажица црвен пипер
● 1 мала лажица лута пиперка, сечкана
● 1 мала лажица бибер
● 4 големи лажици путер

за сос
● 1 конзерва пелати
● 1 голема лажица табаско
● 1 дл јаболков оцет
● 1 мала лажица сол
● малку кафен шеќер

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: измешајте ги сите состоји за сосот во сад за варење. Ставете го садот на умерен оган и оставете да се вари барем половина час. Потоа, откако ќе се излади, сосот ставете го во блендер и измешајте за да добиeте хомогена смеса. Потоа, вратете на оган за да се редуцира уште малку (можете да додадете 1 лажица густин ако сакате сосот да биде погуст и во тој случај оставете го на умерен оган уште 15 минути).

Чекор 2: загрејте ја рерната на 180 степени. Пилешките крилца измешајте ги со зачините и наредете ги во сад за печење. Печете 10 минути. Потоа, свртете ги крилцата на другата страна и печете уште 15 минути.

Чекор 3: откако ќе бидат печени, ставете ги крилцата во сад за сервирање и прелијте ги со лутиот сос. Измешајте убаво за пилешките крилца да бидат сочни. Сервирајте со салата или палента.

Related Posts with Thumbnails