wordpress counter

Маникоти со рукола и колбаси

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (2 гласа, просек: 5,00 од 5)


За денешниот саботен ручек ви предлагаме да подготвите едно италијанско јадење. Маникотите ќе бидат готови за еден час, а вие ќе уживате во аромата и вкусот на Италија.

СОСТОЈКИ (за 4 лица)
• 1 пакување маникоти
• сол и бибер
• маслиново масло

за фил
• маслиново масло
• 250 гр колбаси
• 3 шолји рукола, сечкана
• 1 ½ шолја рикота
• 2 јајца
• ½ шолја пармезан + 1 шолја за наросување за топинг
• ½ шолја моцарела, издробена за топинг

за доматен сос
• маслиново масло
• 1 кромид, ситно сечкан
• 2 чешниња лук, сечкани
• мајчина душица
• босилек
• 500 мл конзерва од домати

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: започнете со приготвување на доматниот сос. Во сад за пржење загрејте маслиново масло. Пропржете ги кромидот и лукот, а потоа додете ги прво листовите босилек и мајчина душица, па доматите и сокот од домати. Оставете да се крчка 20-25 минути. Зачинете со сол и бибер.

Чекор 2: продолжете со филот. Повторно загрејте маслиново масло. Кога ќе биде врело, ставете ги колбасите, исечкани на помали парчиња. Кога ќе потемнат, додадете ја руколата и зачинете со сол и бибер.
Во поголем сад ставете ги рикотата, јајцата и пармезанот. Измешајте добро и потоа додадете ја изладената смеса од колбаси и рукола. Оставете на страна.

Чекор 3: наполнете ја секоја маникота со миксот од сирења и колбаси со рукола. Половина од доматниот сос ставете го на дното од садот за печење. Потоа, наредте ги маникотите и полијте ги со остатокот од доматниот сос. На крај, наросете со рендан пармезан и моцарела. Печете 20-25 минути, додека маникотите не добијат златно-кафена боја.

Related Posts with Thumbnails