wordpress counter

Мариниран говедски стек со сино сирење

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (6 гласа, просек: 5,00 од 5)


Ова јадење е одличен избор за убав и вкусен неделен ручек. За да подготвите 4 порции, ќе ви бидат потребни само 20-тина минути. Ако се решите овој специјалитет да ја краси вашата трпеза, тогаш ќе ви бидат потребни следниве

СОСТОЈКИ
• 500 гр говедско месо без коска, исечено со дебелина од 2.5 цм
• ¼ шолја маслиново масло
• ¼ шолја црвено вино
• 3 чешниња лук, дробени
• 1 мала лажица бибер
• ½ мала лажица сол
• ½ мала лажица сенф
• 2 млади кромидчиња, исечкани
• 40 гр сино сирење, изронето
• 2 големи лажици крем сирење

ПОДГОТОВКА
Отстранете ја маста од месото. Потоа, месото ставете го во пластична кеса (без да ја затворате) и во плитка чинија. За да ја подготвите маринадата, измешајте ги маслиновото масло, биберот, 2-те чешниња лук, црвеното вино, солта и сенфот. Истурете врз стекот. Затворете ја пластичната кеса или фолија. Оставете го во фрижидер од 6 до 24 часа и притоа повремено вртете го стекот.

Исцедете го стекот и отстранете ја маринадата. Месото испечете го на скара. Во меѓувреме, во мал сад измешајте ги младиот кромид, синото сирење, крем сирењето и едно чешне лук.

Ставете го месото во чинија и попрскајте го со малку сино сирење. Сервирајте со миксот со сино сирење.

Related Posts with Thumbnails