wordpress counter

Мени за католички Божиќ – Главно јадење: Патка полнета со џигер и јачмен

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (2 гласа, просек: 5,00 од 5)


Патка полнета со џигер и јачмен

Доколку веќе ви станува клише празничното мени, оваа година пригответе нешто сосема ново, што ќе ја воодушеви гладната тајфа во вашиот дом.

Најчето, сите рецепти за патка на кои ќе наидете се веќе добро познати и не многу креативни. Овој рецепт е малку поинаков, поинтересен и се разбира повкусен.

СОСТОЈКИ
• 1 патка (од 2-3 кг)
• 2 лажици растителна маст
• 250 гр каша од јачмен
• 2 главици исецкан кромид
• џигер од патка
• сол, бибер и други зачини по вкус

ПРИГОТВУВАЊЕ
Посолете ја патката од внатре и од надвор и оставете ја да отстои 8 часа. Варете го јачменот во солена вода околу 25 минути, па процедете го.

Во малку масло за јадење, пропржете го кромидот. Кога ќе биде готов, додадете го џигерот од патка. Зачинете по желба и пржете го дури не омекне. Потоа, измешајте го со кашата од јачмен. Со оваа смеса наполнете ја патката, ставете ја да се пече во сад премачкан со маст, во загреана рерна на 180℃. Печете час и половина и повремено полевајте ја со сокот од месото. Сервирајте ја со прилог од компир, ориз или варен зеленчук.

Bon Apetit!

Related Posts with Thumbnails