wordpress counter

Месо со сочен зеленчук

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (8 гласа, просек: 5,00 од 5)


Ви предлагаме да подготвите еден навистина посебен ручек. Месо со гарнир од зеленчук – по можност готвен во вок тава. На тој начин ќе може, на висока температура, да го подготвите јадењето мошне бргу.

СОСТОЈКИ
• 300 гр месо по избор
• 4 големи лажици масло
• 150 гр моркови
• 300 гр пиперки
• 200 гр праз
• 4 големи лажици соја сос
• зачин за месо

ПОДГОТОВКА
Во тавата ставете 2 лажици масло и загрејте го. Откако ќе ги насечкате на ленти, испржете ги посебно морковот, пиперката и празот. Две минути е сосема доволно. Штом ќе го испржите, ставете го зеленчукот на страна.

Месото насечкајте го на ленти или на коцки. Додадете го преостанатото масло во тавата и откако ќе биде загреано додадете го месото и пржете сѐ додека не испари течноста.

Потоа, додадете го и зеленчукот, соја сосот и сите состојки залијте ги со околу 400 мл вода. На крајот се додава зачинот. Добро измешајте и пржете уште 5 минути.

По желба, може да додадете и ананас сечкан на коцки.

Совет: Сервирајте со тестенини или варен ориз.

Related Posts with Thumbnails