wordpress counter

Пилешко месо со ореви (Pule me arra)

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (3 гласа, просек: 5,00 од 5)


За денешното мени се обидовме да пронајдеме рецепт кој е дел од традиционалната албанска кујна. И најдовме навистина одлична комбинација од пилешко месо и сос од ореви.

СОСТОЈКИ
• 4 поголеми пилешки гради
• 1 шолја потпечени ореви
• 1 шолја супа од пилешко месо
• ¼ шолја путер
• 2 големи лажици брашно
• 2 големи лажици оцет
• 2 чешниња лук
• сол и бибер

ПОДГОТОВКА
Пилешките гради потпечети ги на температура од околу 200°С. Во текот на печењето проверувајте и завртете ги.

Путерот стопете го во тава на умерен оган. Додадете брашно и мешајте постојано. Потоа додадете супа од пилешко месо и оставете да зоврие со постојано мешање, за да не се направат топчиња.

Потоа, додадете оцет, лук, ореви, сол и и бибер. Промешајте и пропржете уште малку. Се сервира прелиено преку месото од пилешки гради.

Related Posts with Thumbnails