wordpress counter

„Pizzaiola“ стек

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (2 гласа, просек: 5,00 од 5)


Ова вкусно јадење ни доаѓа од околината на Неапол во Италија. Таму, сосот од домати се користи во секоја прилика, од пица, па сѐ до месо. Ние денес претставуваме токму еден таков рецепт, каде месото се подготвува со овој сос.

СОСТОЈКИ (за 4 лица)
• 500 гр говедски стек, тенко исечен на листови
• 3 големи лажици брашно
• 3 големи лажици маслиново масло
• 3 чешниња лук, издробени
• 1 кознерва од 500 гр домати
• 2 големи лажици босилек или магданос, ситно исечкани
• сол и бибер

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: отстранете ја горната маснотија од стековите и боцнете ги краевите од месото со остар нож, за да не се превиткаат при готвењето. Пред да им ставите слој од брашно околу нив, оставете ги парчињата месо да се исушат.

Чекор 2: во поголем сад, загрејете 2 лажици масло и пропржете го лукот. Штом ќе добие кафена боја, засилете го огнот и додадете ги стековите. Пржете ги од двете страни, за да добијат кафена боја. Отстранете го месото од садот.

Чекор 3: во истиот сад, додадете ги доматите, магаданосот или босилекот, солта и биберот. Варете 15-тина минути, а потоа вратете го месото во садот заедно со сосот. Гответе уште 4-5 минути и сервирајте топло.

Related Posts with Thumbnails