wordpress counter

Полнети тиквички со бешамел сос

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (15 гласа, просек: 4,87 од 5)


Тиквичките можат да се полнат на милион начини. За денес, ние одбравме да ги наполниме со шунка и крем сирење. Ова вкусно јадење се подготвува за 45 минути.

СОСТОЈКИ
• 3 долги тиквички
• 150 гр пилешка или мисиркина шунка
• 0.5 л млеко
• 20 гр путер
• 3 лажици брашно
• 1 лажица пармезан
• 1 мала лажица рен
• 1 мала лажица крем сирење
• сол и бибер

ПОДГОТОВКА
Измијте ги тиквичките, исечете ги по должина и отстранете го плодот од нив. Ставете ги во сад со вода која врие (не ставајте сол) и варете три минути.

Во меѓувреме, исечкајте го плодот од тиквичките кој го отстранивте претходно и насечкајте ја шунката на коцкички.

На растопен путер испржете го брашното (не смее да потемни), додадете сол и и бибер и полека додавајте го млекото со постојано мешање. Бешамел сосот мора да биде густ. Откако ќе почне да згуснува, додадете крем сирење, пармезан и рен. Промешајте, за да се соединат состојките. Веднаш потоа, додадете ги плодот од тиквичките и шунката. По една минута отстранете од оган.

Тиквичките наредете ги во сад за печење и наполнете ги со смесата со бешамел сос. Во меѓувреме, загрејте ја рерната на 200℃ и печете околу 25-30 минути.

Related Posts with Thumbnails