wordpress counter

Потпечен грав на флорентински начин

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (5 гласа, просек: 5,00 од 5)


Ова е еден интересен рецепт за нашето традицонално јадење – гравот. Исто како и ние, така и тосканците уживаат во приготвување и консумирање на овој специјалитет. Нивната страст кон готвењето ќе ја почувствувате токму со помош на овој рецепт.

СОСТОЈКИ (6-8 лица)
• 500 гр грав
• 150 гр пршута, исечакана на тенки ленти
• ¼ шолја маслиново масло
• 2 мали италијански домати, исечкани на четвртини
• 2 чешниња лук
• 2 гранчиња жалфија
• сол и бибер

ПОДГОТОВКА
Ставете го гравот во земјен сад и покријте го со студена вода. Оставете да отстои околу 4 часа или преку ноќ. Потоа, исцедете и отстранете ја водата. Додадете малку студена вода, колку да се покријат зрната грав.

Загрејте ја рерната на температура од 200℃. Додадете прушта, маслиново масло, домати, лук и жалфија. На крајот, зачинете со сол и бибер. Покријте го садот и печете сѐ додека зрната грав не ја апсорбираат целата течност или околу 2 часа.

Related Posts with Thumbnails