- Гурман™ - https://gurman.mk -

Предлог рецепт на Шерил Кроу

(2 гласа, просек: 5,00 од 5)


Претходно [1] пишувавме за Шерил Кроу и нејзината борба со ракот на градите. Ви ја претставивме и нејзината диета или поточно избор на храна кои ѝ помогнал и сѐ уште и помага во зачувување на нејзиното здравје. Денес ви претставуваме еден нејзин рецепт кој е дел од таа исхрана.

Пире од карфиол со карамелизиран кромид

СОСТОЈКИ
• 1 голема лажица масло од репа
• 2 кромида, ситно исечкани
• ½ шолја млеко со ниска масленост или соја млеко
• 2 главици карфиол, поделени на цветови
• 3 големи лажици несолен путер
• 2 мали лажици лук во прав
• 1 мала лажица сок од лимон
• сол и бибер

ПОДГОТОВКА
Во подлабок сад, загрејте масло и испржете го кромидот додека не се крамелизира, околу 15-20 минути. Потоа, додадете млеко и оставете да зоврие. Кога ќе почне да врие, додадете ги цветовите карфиол, промешајте, покријте го садот и оставете го на умерен оган 2-3 минути.

Отстранете го капакот и варете уште дополнителни 2-3 минути. Тргнете го садот од оган и додадете ги путерот, лукот во прав и сокот од лимон. Зачинете со сол и бибер по вкус.

Со миксер или поголема жица убаво измешајте го карфиолот. Ако сакате помазна конзистенција, употребете блендер. Пред да го сервирате, на умерен оган загрејте го пирето од карфиол и карамелизиран кромид.

Bon Apetit!