Ragu alla Bolognese
На 17-ти октомври 1982 година, Accademia Italiana della Cucina, по долги истражувања и бројни студии, го прогласи следниот рецепт за официјален рецепт за калсино рагу ала болоњезе.
СОСТОЈКИ (за 2 лица)
• 150 гр сланина, тенко исечкана
• 2 стракчиња целер, ситно исечкани
• 1 морков, ситно исечкан
• ½ мал кромид, ситно исечкан
• 300 гр говедски стек
• ½ шолја бело вино
• 1 голема лажица сос од домати
• 1 ½ шолја млеко
• сол и бибер
• 2 големи лажици слатка павлака
• таљателиПОДГОТОВКА
Ставете ја сланината во сад за пржење (со дебело дно) со средна големина. Пуштете го шпоретот на средна температура и гответе ја сланината околу 10-тина минути со повремено мешање.Додадете ги морковот, целерот и кромидот и мешајте постојано. Гответе сѐ додека зеленчукот не стане мек и светло кафен по боја.
Во третата фаза од готвењето, додадете го говедскиот стек и гответе уште дополнителни 5 минути, односно додека стекот не стане светло кафен. Додадете вино и варете околу 4 минути, додека не испари виното. Во мал сад, измешајте ги сосот од домати со 2 големи лажици вода и смесата додадете ја во рагуто. Измешајте добро и проварете ја смесата.
Во меѓувреме, намалете ја температурата и додавајте од млекото малку по малку, со повремено мешање.
Зачинете со сол и бибер и додадете ја слатката павлака. Може да се послужи со фарфали, таљатели или било која друга паста по ваш избор. На врвот, нарендајте пармезан.
Bon Apetit! ●
