wordpress counter

Раженчиња од мисирка на медитерански начин

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (1 гласа, просек: 5,00 од 5)


Раженчињата се навистина деликатесно јадење кое може да го подготвите за убав ручек. Бидејќи кај нас главно консумираме раженчиња со свинско или пилешко месо, овој пат се обидовме да ги подготвиме со поинаков вид на месо.

СОСТОЈКИ (4 раженчиња)
• 6 големи лажици маслиново масло
• 3 големи лажици сок од лимон (свежо исцеден)
• 1 чешне лук, ситно исечкано
• 2 големи лажици свеж босилек, исечкан
• 2 мали тиквички
• 1 долг модар домат
• 300 гр месо од мисирка без коска, исечкано на коцки од 2 цм
• 12-16 мали кромидчиња (најдобро скиселени)
• 1 црвена пиперка, исечкана на 2 цм
• сол и бибер

ПОДГОТОВКА
Во мал сад измешајте ги маслото, сокот од лимон, босилекот и лукот. Посолете и додадете бибер.

Излупете ги тиквичките и модриот домат и потоа исечкајте ги на тенки парчиња (дебелина околу половина сантиметар). Засечете ги по должина на околу 2/3 од големината и помалиот дел отстранете го. Парчињата месо завиткајте ги околу тиквичката или модриот домат.

Редете ги на стапчиња месото завиткано во тиквичка или модар домат, кромидот и парченцата пиперка, наизменично. Наредете ги раженчињата на чинија и попрскајте ги со масло. Оставете ги половина час и потоа наредете ги на скара. Печете најмногу 10 минути, односно додека не омекне зеленчукот, притоа повремено вртејќи ги раженчињата.

Related Posts with Thumbnails