wordpress counter

Рижото со црно вино и блитва

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (4 гласа, просек: 5,00 од 5)


Блитвата е зеленчук многу сличен на спанаќот. Може да се најде на нашите пазари или во супермаркетите. Станува збор за медитеранска билка која е застапена во речиси секое нивно јадење. Тоа не е случајно, бидејки блитвата е полна со витамини и минерали, а има многу ниска калорична вредност. Доколку се прашувате како медитеранските жени успеваат да ја одржат совршената фигура, токму ова растение е една од нивните тајни.

За разлика од спанаќот, таа има помек и поароматичен вкус. Најчесто се комбинира со јадења од риба, но се јаде и свежа и на разни други начини.  За денешен рецепт ја избравме оваа медитеранска, вкусна и нискокалорична комбинација која сѐ на сѐ ќе ви одземе само 30 минути за приготвување.

СОСТОЈКИ
• 1 л зовриена вода, со коцка за супа (месна или зеленчукова)
• 1 лажица путер
• 50 гр тенко исецкана панчета
• 1 страк праз (или 1 кромид)
• 2 чешниња лук
• 400 гр ориз
• 3 дл црвено вино
• 2 супени лажици рендан пармезан
• 150 гр шампињони
• 300 гр блитва (крупно сецкана)
• 1 лажичка свеж темјан
• 1 лажичка свеж магдонос
• 1 рака зрнца од калинка
• сол и бибер
• малку маслиново масло

ПРИГОТВУВАЊЕ
Во плиток огноотпорен сад, ставете малку масло и путер, додадете ја панчетата, лукот и кромидот. Пржете сѐ додека не омекне кромидот. Потоа, додадете го оризот и варете го 1 минута. Следно на ред е виното.

Почекајте да испари целата течност, па додадете ја водата со коцка супа. Во меѓувреме, во друг сад издинстајте ги печурките заедно со темјанот и блитвата. Кога ќе омекне блитвата, додадете го магдоносот и тргнете го садот од оган. Кога ќе биде готов оризот, посолете го, наросете пармезан и зачинете го по ваш вкус. Тргнете го од оган и измешате го со печурките и блитвата. Посипете ги зрнцата од калинка, за да дадат посебна свежина на вкусот.

Bon Apetit!

Related Posts with Thumbnails