wordpress counter

Шницли во павлака и ловечки сос

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (4 гласа, просек: 5,00 од 5)


Неделниот ручек треба да биде посебен, затоа што тоа е еден од ретките моменти кога целото семејство може да се собере околу трпезата. Затоа, ви предлагаме да направите шницли во ловечки сос.

СОСТОЈКИ
• 4 телешки или свински шницли
• црвен пипер
• малку брашно
• 1 главица кромид
• 50 гр шунка
• 125 гр печурки
• 1 лажица путер
• 1 павлака
• 1 кесичка прелив во прав за месо
• малку лук
• сол и бибер

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: малку обработете ги шницлите со помош на кујнски дрвен чекан, посолете ги, ставете бибер и убаво намачкајте ги со црвен пипер.

Чекор 2: кромидот и шунката исчете ги на коцки. Измијте ги печурките. Во сад за пржење ставете путер, наредете ги шницлите и пропржете ги од двете страни по 4-5 минути. Оставете ги во покриен сад.

Чекор 3: динстајте ги сланината и кромидот. Потоа додадете ги печурките и пропржете уште 5 минути. Со постојано мешање, додавајте ја павлаката и преливот во прав. Проварете го сосот. Зачинете со црвен пипер. Одозгора ставете ги шницлите и сервирајте.

Related Posts with Thumbnails