wordpress counter

Шпагети болоњезе со пилешко, сланина и спанаќ

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (1 гласа, просек: 5,00 од 5)


За денешниот неделен ручек ви предлагаме една несекојдневна комбинација на тестенини болоњезе, каде наместо мелено месо ќе употребите пилешко месо, во комбинација со сланина и спанаќ.

СОСТОЈКИ (за 4 лица)
• 1 лажица маслиново масло
• 1 кормид, ситно исечкан
• 2 чешниња лук, издробени
• целер, ситно исечкан
• 1 морков, излупен и ситно исечкан
• 125 гр сланина, исечкана
• 600 гр пилешко месо, ситно исечкано
• 750 мл сок или паста од домати
• ½ шолја пилешка супа
• 75 гр спанаќ
• 400 гр шпагети
• пармезан

ПРИГОТВУВАЊЕ
Загрејте масло на умерен оган. Додадете ги во садот кромидот, лукот, целерот и морковот. Гответе, со мешање, околу 3 минути.

Потоа, додадете ги сланината и пилешкото месо. Мешајте со дрвена лажица и пропржете околу 5 минути. Ставете ги во садот и пастата од домати и пилешката супа. Малку намалете го огнот и покријте го садот. Оставете да крчка околу 15 минути, односно сѐ додека сосот не стане густ. Зачинете со сол и бибер и додадете го спанаќот, ситно исечкан. Варете уште 1 минута, за да омекне спанаќот.

Во меѓувреме, сварете ги тестенините, согласно упатството за варење на пакувањето.

Сервирајте во чинија. Прво тестенини, потоа сос болоњезе и на крајот рендан пармезан.

Bon Apetit!

Related Posts with Thumbnails