wordpress counter

Сочна печена мисирка

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (10 гласа, просек: 5,00 од 5)


Почнува сезоната на празници и слави, а со тоа и постојаната паника во кујната. Годинава можете да го промените малку вообичаеното мени и наместо печено прасе, да направите печена мисирка. Но, она што е најважно е дека со овој рецепт ќе ставите крај на сувите, тврди и невкусни мисирки кои сте ги припремиле досега.

Оваа е еден начин да добиете совршено мека и сочна мисирка, а со тоа и да се покажете како одлична домаќин/ка.

СОСТОЈКИ
• 1 мисирка од 4-5 кг
• неколку парчиња тенко исецкана димена сланина
• 1 главица кромид
• 1 праз
• малку лук
• сол
• вегета
• 1 дл масло за јадење
• 2-3 дл бело суво вино
• чаша пиво
• 2 ловорови листови

ПРИГОТВУВАЊЕ
Откако целосно ќе ја одмрзнете мисирката, премачкајте ја со вегета и толчен лук. Направете засеци по нејзината површина со помош на нож и наполнете ги засеците со сланина и лук. Потоа, мисирката ставете ја во огноотпорен сад, заедно со маслото, ловоровиот лист и белото вино. Оставете ја да отстои минимум 4 часа (пожелно е да ја оставите цела вечер) со повремено превртување, за  рамномерно да впие од виното од сите страни.

Внатре во мисирката ставете ја главицата кромид и исецканиот праз. Ставете ја да се пече во добро загреана рерна на 250℃. По 15-тина минути, намалете на 150℃ и оставете да се пече околу 4 часа.

Откако ќе испари целата течност, прелите ја со пиво и печете уште малку, односно додека не зарумени. Откако ќе ја извадите од рерната, пред да ја послужите можете да ги извадите кромидот и празот. Како прилог, најдобро би оделе печени компири.

Bon Apetit!

Related Posts with Thumbnails