wordpress counter

Таљатели со тартуфи и маслинки

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (14 гласа, просек: 5,00 од 5)


Започнуваме еден серијал на рецепти кои се навистина врвот на светската кујна. Рецепти со Zigante тартуфи, кои сега можеме да ги вкусиме и кај нас. За денес одбравме да ви претставиме подготовка на таљатели со тартуфи и маслинки.

Ние веќе го вкусивме рецептот и сѐ уште не можеме да поверуваме дека е можно тестенини да бидат толку вкусни, ако се направени со тартуфи.

СОСТОЈКИ (за 4 порции)
• 80 гр „Zigante тартуфи и маслинки“
• 20 мл маслиново масло за пржење
• 240 гр таљатели
• малку маслиново масло со вкус на црн тартуф на Zigante
• 80 гр путер
• 80 гр црни маслинки (без семки)
• 120 гр домати
• 50 гр рукола
• зеленчук за супа (можете да употребите и бујон или супена мешавина од зеленчук)
• сол и бибер

ПОДГОТОВКА
Доматите и маслинките, исечкани на тенки листови, се пропржуваат на маслиновото масло.

Сварете разновиден зеленчук (или употребете една коцка од зеленчук за супа или сушен зеленчук) во 300 мл вода. Потоа, неколку лажици од течноста додадете во сосот од домати и маслинки. Варете уште 5-6 минути.

Таљателите сварете ги „al dente“, исцедете ги и прелијте со сосот од домати и маслинки. Потоа, додадете „Zigante тартуфи и маслинки“, рукола и неколку капки од маслиновото масло со вкус на црн тартуф.

Измешајте полека и сервирајте.

Ги очекуваме вашите коментари, откако ќе го зготвите ова гастрономско ремек дело.

Совет: Маслиновото масло со вкус на црн тартуф иZigante тартуфи и маслинки“ додадете ги на самиот крај, пред да послужите.

Related Posts with Thumbnails