wordpress counter

Тавче гравче на тосканси начин

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (Нема гласови)


Тавче гравче е еден од класиците на македонската традиционална кујна. Не веруваме дека постои некој што не го пробал ова јадење. Токму поради тоа, ние предлагаме малку поинаков рецепт за гравчето. Бидејќи и во Тоскана е популарна оваа мешунка, ние одбравме да го подготвиме овој наш специјалитет токму на тој начин.

СОСТОЈКИ (6-8 порции)
• 600 гр грав
• 4 големи лажици маслиново масло
• 2 чешниња лук, издробени
• 3 ливчиња свежа жалфија (доколку не можете да најдете, употребете 4 големи лажици свеж магдонос)
• 1 праз, исечкан
• 400 гр исечкани домати (може и конзервирани, заедно со сокот)
• сол и бибер

ПОДГОТОВКА
Исчистете го гравот од нечистотиите и ставете го во голем сад за варење. Наполнете со вода, покријте го садот и оставете го гравот да отстои 6 часа (во текот на ноќта). Исцедете.

Загрејте ја рерната на 180 степени. Во мала тава загрејте го маслото и пропржете ги 3-4 минути лукот и жалфијата (лукот да биде мек, но не кафен). Тргнете ја тавата од оган.

Во длабока тава за печење ставете го гравот, празот и доматите. Додадете ги жалфијата и лукот. Наполнете доволно вода (најмалку 2 см над гравот). Измешајте добро. Затворете го садот со капак или фолија и ставете го во рерна. Печете 1 час и 15-тина минути.

Извадете го садот од рерната, промешајте, посолете и наросете со бибер. Без да го покривате садот, вратете го во рерната и печете уште 15 минути. Откако ќе биде готов, извадете го од рерната и оставете го 7-8 минути да се излади. Потоа сервирајте. Се јаде на собна температура.

Related Posts with Thumbnails