wordpress counter

Тропска мисирка

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (2 гласа, просек: 5,00 од 5)


Месото од мисирка е навистина месо кое има посебен, неповторлив вкус. Денешниот рецепт е токму со месо од мисирка, но подготвена на тропски начин, поточно со овошје.

СОСТОЈКИ (за 2 лица)
• 2 батаци од мисирка
• 1 портокал
• 2 лимони
• 1 чешне лук
• 1 мала лажица рузмарин
• сол и бибер
• 100 гр пржени кикиритки

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: во помал сад, исцедете ги портокалот и лимоните. Потоа, додадете ги зачините и лукот кој претходно сте го здробиле. Батаците од мисирка ставете го во садот со маринада. Поклопете и оставете ги да отстојат 24 часа во фрижидер.

Чекор 2: откако ќе се измаринираат, батаците ставете ги во сад за печење, заедно со преостанатата маринада. Печете со повремено превртување на месото.

Чекор 3: кога кожата на месото ќе добие златно-кафена боја, посипете со издробени кикиритки и печете уште малку. Внимавајте кикиритките да не изгорат.

Сериврајте со пире компир или ориз со рузмарин.

Bon Apetit!

Related Posts with Thumbnails