wordpress counter

Велигденско мени (1 дел)

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (Нема гласови)


Велигденските пости се пред самиот крај и поради тоа ви предлагаме празнично мени кое ќе може да го подготвите во недела. Во првиот дел од статијата ви претставуваме рецепети за велигденски мини печива и салата со мисиркино месо и портокал.

Велигденски мини печива (Cross buns)

СОСТОЈКИ
• 500 гр брашно
• еден прст сол
• еден прст морско оревче
• ½ лажица цимет во прав
• 40 г свеж квасец
• 300 мл млеко
• 120 гр шеќер
• 60 гр путер
• 60 гр суво грозје
• 60 гр сушени брусници
• малку каранфилче во прав

ЗА ПРЕМАЧКУВАЊЕ
• 1 белка
• 1 лажица пченкарен скроб
• 50 гр шеќер во прав
• 2-3 лажици лимонов сок

ПОДГОТОВКА
Брашното се меша со малку сол, се додава каранфилче, морско оревче, цимет и се добро се промешува. Квасецот, откако добро ќе го изгмечите, ставете го во мал сад, додадете 50 мл топло млеко и половина лажица шеќер и оставете го да стои на топло место околу 10 минути.

Додадете го подготвениот квасец на брашното. Потоа, додадете ги омекнатиот путер, сувото грозје, брусниците, шеќерот и останатото млеко. Замесете тесто. Тестото покријте го и оставете го на топло за да нарасне. Потоа, тестото поделете го на 18-20 топчиња и од секоја од нив направете кружно печиво.

Тавата за печење обложете ја со специјална хартија за печење и наредете ги печивата. Оставете да отстојат уште околу 20 минути на топло место.

Во меѓувреме, белката од едно јајце измешајте ја со скробот. Секое од печивата засечете го одозгора во форма на крст. На засеченото место со дрвено стапче нанесете од смесата од белка и скорб.

Печете во загреана рерна на 180°С, 25 минути.

Шеќерот во прав измешајте го со лимонов сок и попрскајте врз печивата.

Ако сакате, можете сувото грозје да го замените со кандиран портокал или лимон.

Салата со портокал и мисирка

СОСТОЈКИ
• 100 гр рукола
• 100 гр зелена салата
• 100 гр мотовилка
• 250 гр чадено мисиркино месо
• 2 портокали

ПРЕЛИВ
• 2 лажици Vegeta Twist салата
• 50 мл вода
• 2-3 лажици лимонов сок
• 1 лажичка оцет балсамико
• 50 мл масло за јадење

ПОДГОТОВКА
Исчистете и измијте ја мотовилката, руколата и зелената салата. За да го подготвите преливот, измешајте ја Vegeta Twist со вода, ломонов сок и оцет балсамико. Смесата оставете ја да отстои 10 минути, а потоа додате го маслото.

Месото од мисирка насечете го на тенки листови, а портокалите излупете и одвојте ги на парченца.

СЕРВИРАЊЕ: на поголема чинија наредете ги залените салати, прелијте со сосот за салати и на крајот наредете ги листовите месо и парчињата портокал.

По желба, месото од мисирка можете да го исечете на резанки, додека портокалот можете да го замените со праска.

Related Posts with Thumbnails