wordpress counter

Велигденско мени (2 дел) – Главно јадење

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (4 гласа, просек: 3,75 од 5)


Денешниот ден го започнуваме со два вксуни предлози кои можат да се најдат на вашата Велигденска трпеза – Пилешко месо на алпски начин и Телешко месо со суви сливи. Едниот или двата предлози можете да ги приготвите како дополнување на нашата традиционална Велигденска трпеза.

Пилешко месо на алпски начин

СОСТОЈКИ
• 1 кг пилешко месо
• 300 мл павлака
• 250 гр комири
• 100 гр моцарела
• 100 гр рукола
• 100 гр вргањ (или други печурки)
• рузмарин
• 150 мл бело вино
• 4 пиперки
• 100 гр мали домати
• 1 главица кромид
• маслиново масло

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: исечете ги малите домати и моцарелата на парчиња. Измешајте ги со рукола и маслиново масло. Потоа, земете парче пилешко месо, направете отвор во средината и наполнете го со оваа смеса. Печете на скара, а ако немате услови за тоа, тогаш во рерна.

Чекор 2: во меѓувреме, подгответе го сосот. Пропржете ги печурките, додадете малку кромид, рузмарин, бело вино и продолжете со динстање. Кон крајот, додадете ги павлаката и рузмаринот.

Чекор 3: направете гарнир од потпечени компири и пиперки на скара. Сервирајте во празничен сервис. Најпрвин наредете ги компирите и пиперките во круг, во средина ставете го сосот и врз него наредете го пилешкото месо исечено на парчиња.

.

Телешко месо со суви сливи

СОСТОЈКИ
• 500 гр телешко месо
• 100 гр лешници
• 100 гр суви сливи
• млад лук
• 10 мл оцет балсамико
• сол, шеќер и масло
• малку густин

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: на загреано маслиново масло испечете ги парчињата телешко месо. Извадете го месото од садот и во истото масло пропржете ги и сувите сливи кои претходно сте ги пресекле на помали парчиња.

Чекор 2: во садот за печење додадете млад лук, балсамико, малку вода и оставете да се динста. На крајот додадете малку густин и лешници. Исечете го телешкото месо на парчиња и прелијте го со сосот.

Related Posts with Thumbnails