wordpress counter

Велигденско мени (2 дел)

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (Нема гласови)


Во претходниот дел од оваа статија ви предложивме еден рецепт за печива и еден за вкусна салата со портокал и месо од мисирка. За утрешниот главен ручек може да подготвите орада со сос од рен, додека за десерт бел ролат со ананас.

Орада со сос од рен

СОСТОЈКИ
• 800 гр орада
• бибер во зрна
• 50 гр кромид
• 100 гр домати
• 1 гранче целер
• 1 лажица магданос, исечкан
• 50 гр моркови
• 50 мл маслиново масло
• 2 чешниња лук
• 1 1/2 литри вода
• 50 мл лимонов сок
• 1 лажица зачин за готвење
• 50 гр корен од целер
• 50 гр корен од магдонос

Сос од рен
• 100 гр рен
• 200 мл слатка павлака
• 20 гр копар
• сол

ПОДГОТОВКА
Исчистете и измијте ја рибата, а потоа попрскајте ја со лимонов сок. Во меѓувреме, исчистете и исечкајте го коренестиот зеленчук. Рибата и коренестиот зеленчук ставете ги во вода која врие, додадете бибер, маслиново масло, лист целер, домати и зачин. Варете на умерен оган околу 25 минути.

Откако ќе биде готово, рибата извадете ја, а супата од зеленчук процедете ја.

Сосот ќе го приготвите така што ќе ја загреете слатката павлака, ќе додадете рен, копар и ќе варите 2-3 минути. Посолете според вкус.

Рибата може да ја послужите со варен ориз.

Бел ролат со ананас

СОСТОЈКИ

за бисквит тесто
• 4 јајца
• 1 жолчка
• 100 гр шеќер
• 1 ванилин шеќер
• 3 лажици топла вода
• 1 мала лажица изрендана кора од лимон
• 100 гр брашно
• 25 гр пченкарен скроб
• ½ мала лажица прашок за пециво

за крем
• 400 мл слатка павлака за шлаг
• 1 желатин (10 гр кесичка)
• 80 гр шеќер во прав
• 50 мл лимонов сок
• 1 мала лажица ирендана кора од лимон
• 100 гр рикота сирење
• 200 гр ананас (најдобро од компот)

за шлаг
• 400 мл слатка павлака за шлаг
• 1 желатин (10 гр кесичка)
• 1 ванилин шеќер

ПОДГОТОВКА

Бисквит тесто
Измешајте ги јајцата, жолчката, шеќерот и ванилиниот шеќер со миксер сѐ додека не добиете густа смеса. Потоа, додадете вода, лимонова кора, брашно измешано со скроб и прашок за пециво. Измешајте ги.

Потоа, тавата (најдобро да биде со големина од околу 40см х 30см) обложете ја со хартија за печење и во неа рамномерно распоредете ја подготвената смеса. Печете во загреана рерна на 180°С околу 15-тина минути. Откако ќе биде готов, завиткајте го во хратијата за печење и оставете да се излади.

Крем
Слатката павлака измешајте ја со помош на миксер. Постепено додадавајте желатин и мешајте сѐ додека не ја добиете посакуваната густина. Во добиениот шлаг додадете ги и шеќерот, лимоновиот сок, кората од лимон и рикотата.

Кремот премачкајте го преку изладеното бисквит-тесто (откако претходно сте ја отстраниле хартијата). Потоа, наредете го ананасот исечкан на коцки. Бисквитот свиткајте го во ролат и оставете го да стои неколку часа на студено место.

Шлаг
Слатката павлака измешајте ја со миксер сѐ додека не почне да се згуснува. Во текот на мешањето, додавајте ги постепено желатинот и ванилиниот шеќер и потоа продолжете да миксирате сѐ додека не ја добиете саканата густина. Нанесете го шлагот врз ролатот од ананас.

При сервирањето, парчињата ролат можете да ги попрскате со сечкани ф’стаци. Ако не сакате ананас, тогаш може да употребите и праски или кајсии.

Related Posts with Thumbnails