Салата со Мариниран Пилешки Стек

585

Оваа салата со мариниран пилешки стек по препорака на @kokarche дефинитивно не смеете да ја пропуштите.

Со или без салата, само ваква раскошна маринада може да му даде карактер на еден безличен пилешки стек. Пробајте и веќе нема никогаш да го ставите директно на пржење. Месото омекнува, сочно е и богато со вкус. Шеќерот и слатката компонента од меласата (или балсамико) при пржење карамелизираат, сушениот кромид исто така и без нив, приказната не би била иста. Другите зачини слободно прилагодите ги, додадете ги свежи или сушени.

Салата со Мариниран Пилешки Стек

Порции 2 лица
Подготовка 15 мин
Готвење 10 мин
Вкупно Време 25 мин

Состојки

МАРИНАДА (2 парчиња стек)

  • 4 лажици маслиново масло
  • 2 лажици меласа од калинка (или балсамико)
  • 1 лажица балсамико крем или оцет
  • Сок од 1/2 лимон
  • 1 лажичка италијанска мешавина
  • 1 лажица мусковадо шеќер
  • 1 лажица сушен кромид
  • Крупна сол
  • Бибер

САЛАТА (2 порции)

  • 1 пакување микс зелена салата
  • 10 шери домати
  • 5-6 јагоди
  • 1/4 црвен кромид

ПРЕЛИВ (2 дози)

  • 3 лажици маслиново масло
  • 2 лажици меласа од калинка (или балсамико)
  • Сок од 1/2 лимон
  • 2 лажички мед
  • Сол и бибер

Инструкции

  • Вечерта или барем 2-3 часа пред подготовка прелијте го стекот со маринадата (сите состојки измешајте ги во длабок сад) и ставете го во фрижидер. Направете го тоа во стаклен сад со поклопец или во кеса со „зип“ механизам. Месото избоцкајте го убаво со вилушка за да навлезат соковите и внатре. Може и убаво да се истолчи пред маринирање.
    Стекот се пржи на загреана грил тава сосе маринадата која се залепила за него, од двете страни.
Оброк: главно јадење
Keyword: пилешки стек, пилешко, салата, Салата со Мариниран Пилешки Стек

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recipe Rating




Close
Гурман МК © Copyright 2020. Сите права се задржани.
Close