wordpress counter

Сладок леб во пекара

СОСТОЈКИ
• 1 полна чаша (од пекарата) млеко – 310 мл
• 3 чаши брашно – 600 гр
• 3 лажици путер
• 5 лажици шеќер
• 1/2 свеж квасец
• 2 ванили
• суво грозје – по желба
• кора од лимон
• 1 жолчка за мачкање

ПРИГОТВУВАЊЕ
Во млекото го ставате шеќерот, солта и свежиот квасец, мешате за да се растопат шеќерот и квасецот и тоа го ставате во пекарата. Потоа, го ставате брашното, стопениот путер, ванилите и кора од лимон. Ја местите пекарата на „Мenu 4“ за 1000 гр тежина и „dark“ боја на кората.

Кога ќе го слушнете сигналот за додавање во тестото, го додавате сувото грозје кое претходно сте го покиснале во малку рум. 1 час пред да заврши процесот, премачкувате со жолчка.