Сезоната на јагоди не смее да помине без некој вкусен десерт во кој ќе преовладува нивниот вкус. Чизкејкот на @me_mother_of_three е вистинското решение за претстојните празнични денови. Погледнете ги потребните состојки и фатете се за работа.

Сладолед - Чизкејк со Јагоди
Состојки
За основата потребни се:
- 150гр мелени бисквити
- 90гр путер
За филот потребни се:
- 400гр бело чоколадо
- 350гр маскарпоне
- 300гр јагоди
- 200мл слатка павлака
Инструкции
- Путерот се загрева и се додава на бисквитите. Се мешаат и смесата се става во калап со дијаметар од 20 цм. Се остава 40тина минути во фрижидер.
- Павлаката се загрева и се прелива врз чоколадото. Се меша и се остава убаво да се излади. Јагодите се блендираат во блендер. Маскарпонето се меша и се додава во чоколадото а потоа се додава и пирето од јагоди. Се соединува убаво мешајки рачно па филот се додава врз основата.Се остава преку ноќ во замрзнувач. Се служи како сладолед - торта.