Snowball Торта

565

Идеален роденденски подарок за вашите најмили е токму домашно направена роденденска торта. Оваа убавица направена од thebakeaway е составена од два вида тесто и два чоколадни фила – едниот од бело чоколадо и плазма бисквити, а другиот од црно чоколадо и мешавина од мелени ореви и лешници.

Snowball Торта

Подготовка 40 мин
Готвење 1 саат 15 мин
Време за чекање 1 саат
Вкупно Време 2 hrs 55 мин

Состојки

Чоколадно тесто

  • 6 јајца
  • 14 големи лажици мешавина од мелени ореви и лешници
  • 5 големи лажици шеќер
  • 4 големи лажици брашно
  • 1 чоколадо за готвење исецкано на мали коцки
  • Изрендана кора од портокал
  • Сок од портокал
  • Прашок за пециво
  • Малку сол

Павлова тесто

  • 4 белки на собна температура
  • Малку сол
  • 200гр шеќер
  • 2 мали лажици густин
  • 2 мали лажици бел вински оцет

Фил со млечно чоколадо

  • 50-60мл млеко
  • 300гр шеќер
  • 250гр мешавина од мелени лешници и ореви
  • 100гр млечно чоколадо
  • Изрендана кора од портокал
  • Сок од портокал
  • 4 жолчки
  • 2 големи лажици какао
  • 150гр маргарин

Фил со бело чоколадо

  • 2 шлаг крема од ванила
  • 180гр мелена плазма
  • 200гр бело чоколадо

Инструкции

  • Чоколадно тесто: Соединете ги состојките за чоколадното тесто и добиената смеса префрлете ја во калап за печење (јас користев бр.26 кружен калап). Печете на 200 степени Целзиусови.
  • Чоколаден фил: загрејте околу 50мл млеко со 4-5 големи лажици шеќер. Додајте го чоколадото и откако ќе се стопи, истурете ја смесата врз мешавината од лешници и ореви. Измешајте додека смесата не се соедини и оставете да се излади. Во друг сад изматете го преостанатиот шеќер со маргаринот. Додајте какао, кора од портокал и сок од портокал и соединете ја смесата. Истурете ја оваа смеса во оладените лешници и ореви и префрлете го филот во фрижидер.
  • Фил со бело чоколадо: Изматете ги шлаг кремовите од ванила според упатството на ќесичката. Растопете бело чоколадо на пареа и додајте го. Додајте и мелени бисквити и мешајте додека смесата не се соедини. Префрлете го филот во фрижидер.
  • Павлова тесто: Почнете да ги матите белките заедно со малку сол. Кога ќе бидат изматени до момент на т.н меки врвови (soft peaks) почнете постепено да додавате шеќер и непрекинато да матите. По неколку минути треба да добиете цврст, сјаен снег од белки. Додајте густин и бел вински оцет и соединете ги во смесата. Загрејте ја рерната на 160 степени Целзиусови. Ставете хартија за печење и истурете го снегот од белките. Обликувајте го според формата на торта што ја имате замислено. Ставете го во рерна и намалете ја на 120 степени Целзиусови. Печете 75 мин. Откако ќе биде готово, исклучете ја рерната и оставете го тестото внатре уште 1 час со подотворена врата.
  • На крај, наредете ја тортата. Поделете го чоколадното тесто на два дела и поставете го едниот дел на соодветна чинија за сервирање. Додајте го чоколадниот фил, па Павлова тестото, па филот со бело чоколадо и завршете со вториот дел од чоколадното тесто.
  • Изматете хопла и филувајте ја тортата однадвор. Украсете по желба.
Оброк: Десерт
Keyword: десерт, торта

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recipe Rating




Close
Гурман МК © Copyright 2020. Сите права се задржани.
Close