Ако немате идеја за здрав и вкусен појадок, кој прелесно се подготвува, тогаш овие солени американски палачинки со спанаќ се идеалното решение за вас.

Солени Американски Палачинки со Спанаќ
Состојки
- 300гр брашно
- 1 пециво
- 1 лажица сол
- ½ лажичка сода
- 2 јајца
- 200гр спанаќ
- 1 младо кромитче (за вкус)
- 3 лажици зејтин
- 500мл јогурт
Инструкции
- Во длабок сад најпрвин се мешат сувите состојки. Во блендер се ставаат јајцата и другите течни состојки заедно со спанаќот и младото кромитче. Блендираме додека состојките убаво не се соединат. Добиената смеса ја претураме во садот заедно со сувите состојки и мешаме до добивање на убава густа смеса.
- Загрејте тавче на средна температура и премачкајте го со малку масло за јадење или путер. Со помош на дрвена лажица ставете од густата смеса формирајќи круг и печете ги од едната страна се додека не излезат балончиња. Потоа превртуваме од другата страна.Од оваа смеса се добиваат околу 15 палачинки во зависност од нивната големина.Можете да ги сервирате во безброј комбинации, со различни млечни намази, варени или пржени јајца. Уживајте!