Не секој е љубител на вкусот и мирисот на свежо подготвената морска храна, но затоа пак многу од нас го обожаваат. Морските плодови совршено одат со тестенини, рижото или како салата. За денес се одлучивме да ги споделиме со вас овие шпагети со морски плодови по препорака на нашата драга @trajcevska_ljupka. Погледнете што сѐ ви e потребно за нивна подготовка и уживајте.

Шпагети со Морски Плодови
Состојки
- 200гр свежи ракчиња
- 350гр лигњи
- 150гр октопод
- 1 главица кромид
- 3 чешниња лук
- сол, бибер, куркума и шафран
- 200гр домашна салца
- 300гр свежи школки
- 100мл бело вино
- 1 цеден лимон
- 1 пакување шпагети
Инструкции
- Во подлабок огноотпорен сад или тава ставате малку маслиново масло и лажица путер да се загрее, се ставаат свежи ракчиња (200 гр.) лигњи (350 гр.) и претходно обарен октопод (150 гр.) да се пропржат. Ракчињата и лигњите се пржат по 2 мин од двете страни и се вадат на страна. Октоподот се остава да зарумени и потоа се трга на страна. Во веќе загреаната тава се става ситно исецкана главица кромид, 3 чешниња лук, сол, бибер, куркума и шафран. Се пропржува и откако ке омекне кромидот се става 200 гр. домашна салца. Сето ова се крчка на тивко околу 5 мин. се додаваат морските плодови кои беа претходно пропржени, се ставаат свежи школки (300 гр.) и во сосот се додава 100мл. бело вино и 1 цеден лимон. Се поклопува со капак и се остава да крчка на тивок оган 10мин. Во сад со вода ставате малку сол, чекате да се загрее водата и се става 1 пакување шпагети. Се варат 5-7 мин. се процедуваат и се сервираат во голем сад, врз шпагетите се истура сосот од морски плодови. Одозгора се става ситно исецкан магдонос.
- Октопод припрема - во сад се става вода со бело вино и малку сол. Водата да зоврие и се става октоподот да се вари 40 мин. Потоа се става во сад со ладна вода 2-3 мин. и спремен е за на скара или за пржење.