Свежа и шарена витаминска салата!
Исклучително здрава и вкусна мешавина од цвекло, морков, роквица, и слатка пченка. И сето тоа зачинето со свеж лук и сок од лимон! Салата богата со витамини подготвена да го нахрани вашето тело!
Оваа хранлива витаминска салата има многу привлечни бои, прекрасен вкус и сето тоа комбинирано во една чинија. Нејзината сочност и свежина се навистина неодоливи!
Свежото цвекло, роквицата, и морковите совршено се комбинираат со сладок вкус на пченка и мала киселост на сок од лимон! Зеленчукот ги содржи сите неопходни протеини и го подобруваат вашето здравје.
Супер здрава салата која ќе ве држи во форма и ќе ви дада енергија преку целиот ден доколку ја јадете за појадок! Уживајте во неа како главно јадење, за вечера или послужете ја заедно со друг оброк.
Може да ставете и некои семиња по ваш избор (семе од коноп, чиа семе, смеки од тиква), и бидете сигурни дека оваа салата ќе биде целосен засилувач на вашиот имунитет!
Како да се подготви?
Прилично е лесно да се подготви. Сè што ќе ви треба е електричен сецкалник. Толку е корисно и заштедува време! Едноставно излупете ги сите зеленчуци и ставете ги во сецкалник. Доколку немате сецкалник, вие самите можете да го исецкате зеленчукот.
Прекрасниот дресинг е исто така многу лесен за правење.
Во мал сад комбинирајте го свежо исцедениот сок од лимон, исецканиот лук и малку маслиново масло. Доколку додавате семе од коноп, можеби ќе треба да додате и мала количина вода затоа што семете од коноп доста брзо ги абсорбира течносите.
Зошто ќе ја обожавате оваа салата со супер хранливи витамини?
- Веганска
- Без млечни производи
- Без јајца
- Без глутен
- Богата со важни хранливи материи
- Богата со антиоксиданси
- Супер здрава
- Полна со вкус
- Совршена како главен оброк!
Ако веќе го направивте овој рецепт, слободно споделете го вашето искуство со нас! Оставете ни коментар подолу и означете го Гурман МК на Инстаграм со хаштаг #gurmanmk.