Оваа домашна верзија на кремасти таљатели е навистина брз и лесен рецепт за подготовка. Без разлика дали ќе се одлучите за ручок или вечера, овие таљатели може да ги имате на масата за само 20 минути.
Сите состојки во комбинација совршено одговараат една со друга, и токму поради тоа добивате оброк полн со свежина, совршена количина и кремаст вкус. Им благодариме на Храна и Рецепти, кои ни го испратија овој рецепт и ни овозможија да го спеделиме со вас. Уживајте!

Таљатели во Бел Сос
Состојки
- 500гр таљатели
- 100гр путер
- маслиново масло
- 150гр сецкана пршута
- 1 парче бело месо
- 200гр кашкавал
- 500мл павлака за готвење
Инструкции
- Сварете ги таљателите. Во меѓувреме исечете го белото месо на ситни коцки и испржете го на разлеаниот путер со маслиново масло. Додајте ја пршутата. Штом се ќе се испржи додајте ја павлаката за готвење и оставете да крчка на тивок оган. На крај додајте го кашкавалот. Таљателите исцедете ги од водата и додајте ги во сосот. На здравје!