Турски Kолач со Tаан

716
Десерт

Традиционален и Лесен за Подготовка

Од светски познатата баклава до превкусниот кадаиф приготвен на најразлични начини, турските десерти важат за едни од највкусните во светот. Ако го обожавате вкусот на традиционално подготвен десерт, тогаш овој турски колач со таан е вистинскиот избор за претстојните празници.

5 from 1 vote

Турски Kолач со Tаан

Порции 20 парчиња
Подготовка 30 мин
Готвење 30 мин
Вкупно Време 1 саат

Состојки

  • 3 јајца
  • 500гр интегрално брашно 
  • 1 мала лажичка прашок за печење
  • 375гр кафеав шеќер
  • 125мл вода
  • 125мл млеко
  • 125мл маслиново масло
  • 1 мала лажичка екстракт од ванила
  • 1 мала лажичка цимет
  • 4-5 капки лимон
  • 375гр сецкани ореви
  • 1 мала тегла таан
  • сусам, чиа, ленено семе, чоколадни топчиња (доколку сакате)

Инструкции

  • Најпрво во длабок сад помешајте ги јајцата со шеќерот. Потоа додајте ги млекото, маслиновото масло, водата, екстрактот од ванила, циметот и на крај додајте 4-5 капки лимон. Мешајте додека смесата не се соедини.
  • Потоа додајте го брашното и прашокот за печење и повторно мешајте за да добиете смеса со погуста конзистенција. Во овој дел може да додадете чиа, чоколадни топчиња или ленено семе.
  • Калапот се премачкува со путер и се налепува со сусам.
    Ставете ја смесата во калапот и печете 30 минути на температура од 180°C.
    Откако ќе се испече, оставете го колачот околу 20 минути да се олади. Потоа извадете го, насечете по линиите на калапот и полијте го со таан.
    Добар апетит.
Калории: 254kcal
Оброк: Десерт
Кујна: Турска
Keyword: десерт

Пресреќни сме што сѐ повеќе млади и креативни готвачи како @yummyin.mytumyy ги споделуваат своите рецепти со нас, правејќи ги подостапни до јавноста. Направете го овој превкусен колач и не заборавајте да кликнете Follow на нашиот инстаграм профил @gurmanmk

Коментари

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recipe Rating




Close
Гурман МК © Copyright 2020. Сите права се задржани.
Close