wordpress counter

Пилешко со јаболка

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (12 гласа, просек: 4,83 од 5)


Антоанела Стојановска
Куманово

Нашата редовна читателка ни испрати навистина посебен рецепт. Станува збор за сласен специјалитет – пилешко месо подготвено со јаболка. Подготовката трае околу 1 час и се служи како главно јадење.

СОСТОЈКИ (за 4 порции)
• 4 парчиња пилешкo месо (околу 150 гр едно парче), исчистено од кожа
• 1 голема лажица брашно
• 1 голема лажица сончогледово масло
• 1 кромид, исчистен и ситно исчекан
• 1 чешне лук, ситно исечкано
• 1 голема лажица мајчина душица, ситно исечкана
• 150 мл сок од јаболка
• сол и бибер
• 3 лажици бренди

за карамелизирани јаболка
• 15 гр путер
• 2 големи црвени јаболка, исечкани на тркалца и без семки
• 1 мала лажица шеќер во прав

ПОДГОТОВКА
Попрскајте го пилешкото месо со брашно. Загрејте го маслото во тава и потоа пропржете го месото околу 2-3 минути (додека не добие златно-кафена боја). Откако ќе се испржи, оставете го садот на страна.

Загрејте уште малку масло во тава и додадете ги кромидот и лукот. Пржете на умерен оган околу 10 минути со повремено мешање. Потоа, додадете ги мајчината душица и сокот од јаболка. Повторно ставете го месото, зачинете со сол и бибер и оставете да се крчка. Затворете го садот и гответе 15-20 минути на умерен оган.

Извадете го месото и покријте го. Сосот продолжете да го варите додека не згусне. Во меѓувреме, подгответе ги карамелизираните јаболка. Во помала тава растопете го путерот, додадете ги парчињата јаболка и попрскајте со шеќер. Пржете додека јаболката не се карамелизираат.

Во мала тава загрејте го брендито, додека не стане топло. Внимателно запалете го брендито со кибрит и кога пламенот ќе се намали, налејте го брендито во сосот со мајчина дужица и сок од јаболка.

Сосот прелијте го преку пилешкото месо и сервирајте со јаболка и мајчина душица.

Related Posts with Thumbnails