Похувано биено сирење
Маја Долеска
Прилеп
Денешниот рецепт ни го испрати нашата редовна читателка Маја. Станува збор за навистина вкусно предјадење.
СОСТОЈКИ
● 200 гр биено сирење
● брашно
● 2 јајца
● лебни трошки
● сусамПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: во еден сад ги матиме јајцата, додека во други два сада ги ставаме брашното и лебните трошки.Чекор 2: сирењето го сечеме на парчиња. Ги земаме парчињата сирење и прво ги валкаме во брашно, а потоа во јајце, лебни трошки и сусам. Така подготвени ги ставаме во претходно загреано масло. Се пржат додека да зацрвенат и додека сирењето не стане растегливо.
Похуваното биено сирење може да се декорира со сос од павлака и домат.
