wordpress counter

Ролат од кокос

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (11 гласа, просек: 3,73 од 5)


Убавка Синдевска
Делчево

Нашата редовна читателка Убавка од прекрасното Делчево, ни испрати уште по прекрасен рецепт за десерт. Станува збор за ролат од кокос.

Веруваме дека многу од вас го имаат вкусено, но ние решивме да го објавиме овој рецепт за сите оние кои досега немале можност да уживаат во овој десерт.

СОСТОЈКИ
• 250 гр маргарин
• 250 гр шеќер
• 250 гр бисквити (мелени)
• 50 гр суво грозје
• 250 гр кокос
• 100 гр чоколадо

ПРИГОТВУВАЊЕ
Во сад за готвење го топиме маргаринот заедно со 70 мл вода и 250 гр шеќер. Кога смесата ќе се стопи, садот го тргаме од оган и во смесата ги додаваме мелените бисквити, кокосот и сувото грозје. Ја мешаме целата смеса убаво, за да стане хомогена.

Потоа, на фолија на која сме ставиле малку масло, ја ставаме смесата и полека формираме ролат. Ролатот од кокос го ставаме во фрижидер за да се излади. На крај, го попрскуваме со чоколадо, кое претходно сме го растопиле.

Bon Apetit!

Related Posts with Thumbnails