wordpress counter

Салата со туна и ориз

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (10 гласа, просек: 5,00 од 5)


Марија Зафировска
Скопје

Нашата верна читателка Марија ни испрати уште еден прекрасен рецепт. После топло-ладниот колач  и селското месо, сега ќе уживаме во салата со туна и ориз. Оваа салата може да ја консумирате и како топло и како ладно предјадење.

СОСТОЈКИ
• 1 шолја ориз
• црни маслинки
• 1 конзерва туна
• 1 домат
• кисели краставички
• варено јајце (по желба)

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: се вари една шолја ориз. Откако ќе се свари, оризот се става во поголем сад за салата. Во него се додава една конзерва туна и се меша убаво за да се соединат двете состојки.

Чекор 2: исечкајте ги маслинките на ситни парчиња. Истото направете го со доматот и киселите краставички. Овие три состојки се додаваат во салатата и се меша убаво.

Чекор 3: доколку сакате можете да декорирате со едно варено јајце, исечкано на кругови.

Совет: може да стои и во фрижидер и да се консумира како ладна салата.

Related Posts with Thumbnails