Веган Чоколадна Торта

824

Едноставна чоколадна торта без печење по рецептот на healthy_corner_mk, со неодолив вкус и мирис на кокос. Здрава и полна со нутритивни вредности.

Погледнете кои состојки ви се потребни за нејзина подготовка:

Веган Чоколадна Торта

Подготовка 30 мин
време за чекање 5 hrs
Вкупно Време 5 hrs 30 мин

Состојки

Кора: ⁣

  • 150гр урми
  • 100мл растително млеко (користев кокосово)
  • 1 лажичка арома на ванила⁣
  • 50гр ореви
  • 50гр бадеми
  • 50гр  овесни снегулки
  • 50гр кокосови трошки

Чоколаден фил:⁣

  • 100гр темно чоколадо (70% какао) 
  • 50гр мед
  • 2 лажички какао
  • 1 лажичка арома на ванила⁣
  • 400мл растително кокосово млеко

Инструкции

  • За Кора:
    Комбинирајте ги сите суви состојки за кора во исецкањето додека не добиете мешавина. Урмите заедно со млекото посебно ги изблендирајте и додајте во сувите состојки. Мешајте додека да добиете смеса за кора. Не многу леплива, ниту сува. Истурете ја смесата во калап со дијаметар од 18см обложен со фолија.
  • За Чоколаден Фил:⁣
    Сето заедно стопете го на пареа или на многу тивок оган. Полијте врз кората и ставете го во фрижидер да се олади. Потребно е 4-5 часа да стои во фрижидер или најдобро е преку ноќ.⁣ Украсете и уживајте.
Оброк: Десерт
Keyword: torta, Веган чоколадна торта

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recipe Rating




Close
Гурман МК © Copyright 2020. Сите права се задржани.
Close