wordpress counter

„ДМ Дрогери Маркт“ во Македонија

Германската компанија за малопродажба на козметика и потрошувачки добра „ДМ Дрогери маркт“, запонува со работа во Македонија. Според последните најави, нивните први продавници ќе бидат отворени на 17-ти мај.

Едниот маркет ќе биде отворен во Градскиот Трговски Центар, на местото на продавницата „Кара“, додека вториот во просториите во кои некогаш се наоѓаше ресторанот „Дивино“ во центарот на Скопје.

Инаку, оваа германска групација има преку 40.000 вработени, преку 2.500 продавници и годишен промет поголем од 6 милијарди евра. Во Хрватска работи веќе 15 години и има 136 продавници. Сега, на балканскиот пазар на „ДМ“, во кои влегуваат Романија, Босна, Бугарија, Словенија и Србија, им се приклучува и Македонија.

Related Posts with Thumbnails