wordpress counter

Македонија треба да се замисли

Една мала земја како Холандија, постојано изненадува со постигнатите економски резултати. И оваа година, како и претходните две, таа е најголем извозник на свеж зеленчук во светот. Според податоците, Холандија извезува 4.3 милијарди килограми свеж зеленчук на годишно ниво.

Најголем дел од тоа е кромид, потоа следат домати, бабури и краставици. Кога станува збор за овошјето, холанѓаните не заостануваат и тука. Јаболка, круши, грозје и ред други плодови им носат преку 4 милијарди долари годишно. Иако, рака на срце, околу 30% од зеленчукот и овошјето се од странско потекло, тоа не го намалува успехот на холандските компании.

Редакцијата на Гурман™ нема да коментира повеќе во врска со оваа вест, но ќе постави едно прашање адресирано до надлежните: „Не сметате ли дека некој треба да подразмисли во Македонија околу ова информација?“

Related Posts with Thumbnails